Како се лекуваат тешки болести без примена на класични лекови?

by Fokus

Татјана Илиевска и Кристијан Давидовски од Центарот за биоинформатика во Скопје во разговор за „Фокус“ објаснија како функционира оваа регенеративна медицина и какво е искуството од нивното 3-годишно функционирање во Македонија. Во Центарот се лекуваат тешки болести, алергии, инфекции, карциноми, генетски заболувања, автоимуни заболувања, како и Ковид 19, без класични лекови. Тие официјално почнале со работа од 2017 година, од кога ја имаат и лиценцата од министерството за здравство. 

Разговараше Ирена МУЛАЧКА

ФОКУС  Можете ли да ни објасните што точно е биоинформатика?
ИЛИЕВСКА
Во медиумите постојано слушаме за иновации и новитети во науката, но ретко слушаме за новитети и иновации во медицината кои не се засноваат на лекување со хемиска супстанца, туку лекување со таканаречени програмски клеточни јазици. Затоа денес ќе ве запознаеме со Применета Биоинфораматика и нејзината апликативна страна односно Регенеративна Медицина и Центарот за Ревитализација која е прва и една од ретките вакви институција во нашата земја и во светот. Во Македонија постои таканаречен Центар за Ревитализација кој се занимава со Применета Биоинформатика во рамките на медицинските потреби. Медицината каква ние досега ја познаваме е драстично променета и уште се менува во светот, промената е во аспект на неупотреба на хемиски супстанци или таканаречени Олопатски медикаменти кои главното лековито својство не е самата хемиската супстанца, туку е информацијата односно клеточниот сигнал запишана на соодветниот клеточен јазик на носач кој се носи прилепен за кожа и со чија помош клетките добиваат соодветни иснтрукции како да ја подобрат својата функција, односно да се самоизлекуваат. Ваквиот пристап е основата и почетокот на новата ера во медицината, која денес е достапна за секого, но во одредени мали центри ширум светот. Во светот денес во одредени центри и институции се изработува персонализирана терапија само за потребите на одреден пациент и за одредена состојба или заболување. Сите овие промени се започнати во 70- тите години, а денес веќе почнуваат да стануваат подостапни за секого.

ФОКУС Поточно, за каков вид на лекување се работи?
ИЛИЕВСКА Прво да истакнеме дека многу луѓе не знаат и прв пат слушаат за Применета Биоинформатика што е многу нормално со оглед на фактот дека до пред 20-тина години беше наука и систем на лекување кој се практикуваше само во мали одредени селектирани кругови на луѓе. Фактот што ние сме само 4-та генерација на научници и унапредувачи на овој правец во науката кој датира како теорија од 1890 тите години, па некаде 1940 тите години се поставени основите, за во 1970-тите години веќе да почне да се применува и изучува во поширок круг на медицински дисциплини и воедно го добие официјалното име како „Регенеративна Медицина“ зад која што стои Применета Биоинформатика како научна позадина и основа. За да направиме паралела, Биоинформатика е наука за собирање и анализа на сложени биолошки податоци како што се генетски кодови, а Применета Биоинформатика е наука во чие поле на проучување е смислата на информациите складирани во генетскиот запис односно: анализа, декодирање, модулирање, пренос и запис на биолошката активна софтверска форма. Разликата на двете научни дисциплини е во тоа што Биоинформатиката ни дава збир и анализа на биолошките податоци, а Применетата Биоинфроамтика ни дава можност да ги менуваме одредените биолошки податоци и со таа можност да направиме промена односно излекување на одредена патологија или состојба.

ФОКУС Во пракса што значи Применета Биоинформатика?
ИЛИЕВСКА Таа представува нов аспект во медицина кој досега не се употребувал поради големата доминација на фармацијата која лекува само од еден аспект, а додека другите можности за лекување досега беа маргинализирани и отфрлени како ненаучни и нефункционални. Се тоа се промени во 1990-тите години кога почна помасовно да се проучуваат и употребуваат клеточните програмски јазици. Што значи клеточен програмски јазик ќе обајсниме едноставно, така што ќе дадеме еден пример од секојдневниот живот, а тоа е начинот на кој ние комуницираме помеѓу нас, а тоа е со помош на таканаречен „јазик и писмо“. Како пример, еве ќе го земеме Англискиот јазик како најраспространет општо прифатен јазик за комуникација со чијашто помош две различни единки може да воспостават комуникација и разбирање доколку истите го познаваат истиот јазик. Така на истиот тој начин нашите клетки од кои се составени сите наши ткива и органи комуницираат помеѓу себе со специфични програмски јазици, кои се налик на нашиот јазик со кој ние меѓусебно комуницираме секој ден (примерот со Англискиот јазик и останатите јазици во светот). Така денес познавајќи ги клеточните јазици односно начинот на кој клетките комуницираат помеѓу себе, можеме да слушнеме условно што зборуваат и увидиме каде грешат односно каде е изворот на одредената болест или состојба и на тој начин со помош на нивниот јазик да им составиме известување и да им се обратиме и укажеме каде е проблемот и како тие да го решат, а со тоа да постигнеме самоизлекување без употреба на хемиски супстанци или било какви инванзивни методи и техники.

ФОКУС На кој начин ги лекувате вашите пациенти?
ИЛИЕВСКА Применетата Биоинформатика за главен и основен инструмент на делување ги користи и употребува специфичните клеточни биолошки јазици. Во пракса тоа се применува на начин што прво се прави скрининг, односно мерење и слушање на меѓуклеточната комуникација со помош на компјутерски инструменти, кои имаат можност да ги снимаат клеточните сигнали и конвертираат во електричен и компјутерски сигнал кои ние го анализираме односно читаме и потоа по тој скрининг одредуваме кои клеточни сигнали, информации односно со кои зборови и реченици наједноставно да им укажеме на клетките на заболениот орган или ткиво каде е настанат проблемот и како да го корегираат истите, за да финално постигнеме самоизлекување на таа болест и состојба.

ФОКУС Може ли да ни опишете како изгледа лекување на еден пациент?
ИЛИЕВСКА Во просториите на нашата установа се вршат дијагностички прегледи со кои може да се утврди функционалната состојба на сите органи. Се мери акциски потенцијал на мембрана на клетка преку кои вредности индиректно може да се утврди функцијата на органите.  Според добиените параметри од дијагностиката постои можност да се состави специфичен комплекс од алгоритми-софтверски инструкции запишани на меѓуклеточен програмски јазик, со кој им се дава инструкции на клетките да се вратат во нормална функција или по потреба да се активира процесот на регенерација во соодветен орган. Како медиум-носач на информации користиме: калај, маслиново и растително масло, гел. Користиме микропроцесори-кои се носат прилепени на кожа и постојано ги информираат клетките како нормално да функционираат. Другиот облик е биоинформатички комплекс – комбинација од маслиново и растително масло, во чија структура се вметнати софтверски инструкции за корекција на соодветниот дисбаланс на организмот. Третиот облик е структуриран гел- кој се нанесува надворешно, најчесто служи за корекција на проблеми со функција на кожа и со различни механизми на делување ги враќа клетките во нормална функција.

ФОКУС Дали граѓаните ви се обраќаат за помош?
ИЛИЕВСКА Да, се обраќаат. Покрај вообичаените здравствени проблеми за кои што имаме можност да ги третираме, во изминативе десетина месеци и за превенција и третман на Covid-19. Третманот за Ковид – 19 во почетокот на епидемијата го третиравме исто како и сите други вирусни заболувања, така да започнавме веќе со добра основа, потребно беше време за да увидиме на кои органи и системи најмногу се рефлектира инфекцијата и на основа од тоа да составиме по обемно и по прецизно известување до сите засегнати органи (клетки). Едниот пристап е со употреба на микропроцесори во кои се инсталирани биолошки клеточни сигнали и информации и се носат прилепени на кожа. Вториот е дигитален начин на третман со употреба на софтверска апликација дизајнирана за употреба од паметен телефон.
Со употреба на менито „IMMUNITY / Improving the immune system“ неколку пати во текод на денот од по неколку минути вртеметраење се пренесуваат инструкциите до клетките. Двата пристапи за цел имаат да ги корегира промените во функцијата на органите предизвикани од инфекцијата на Ковид 19 вирусот и на тој начин организмот да го третира настанатиот проблем. Третманот на вирусната инфекција е безопасен за секого и за секоја возрасна категорија, се одвива во домашни услови со микропроцесори или софтверската апликација и е комплетно безболен, нема контраиндикации со фармаколошки препарати или други алтернативни методи на третман. Кај 1115 пациенти кои користеле превентивно биоинформатички третман за КОВИД-19, поголемиот дел немале симптоми карактеристични за вирусот или потреба да бидат тестирани или третирани. Кај мал процент кај кои се појавиле симптоми на Ковид се во многу блага форма, налик на сезонска вироза.

ФОКУС Колку досега се излекувале и од кои болести?
ИЛИЕВСКА Резултатите, во однос на општо прифатената медицина се феноменални. На пример, никаде не постои лек за алергија, а ние го имаме, не само како лек туку како подготвен препарат во една или три дози. Споредено со класичната медицина, лековите само ја одржуваат состојбата, додека биоинформатиката нуди лек кој комплетно ја лекува алергијата. И не само оваа состојба, туку нуди  решенија и за регенерација на нервниот систем, на нервите на одредени органи, регенерација на органи заболени од патолошки состојби итн. Се третираат луѓе со многу тешки заболувања, карциноми, автоимуни заболувања, деца со аутизам, генетски заболувања, поточно сѐ што класичната медицина смета за неизлечива болест, биоинформатиката го третира со одлични резултати.  Постигнуваме враќање на видот кај дегенеративни процеси на макула со препаратот за регенерација на макула, регенерација на ретина, на  корнеа. Имаме постигнато регенерација на срце, регенерација на бубрези во состојба пред дијализа. Регенерација на макула пред и потоа, 21 ден по отпочнување со терапијата.

ФОКУС Може ли да ни кажете неколку примери?
ИЛИЕВСКА Центарот има подготвено 27 готови препарати кои се наменети за третман на исто толку состојби. Тие чинат од 750 до 3.000 денари и се препарати за трајно надминување на тие состојби. Едно до три шишенца маслиново масло, како носач на информации може трајно да излекува алергија.

Алергија на сонце пред и потоа во времетраење од 5 дена со биоинформатичка терапија. Исто така, може да се направи регенерација на дискус хернија, дископатија, лумбоишијалгија, се лекува и периартрит, хемороиди, гастритис, воспаление на синуси, регенерирање на зглоб на колено и друго. Има и гел за регенерација на кожата на вратот и лицето, а сите олабавени мускули се затегнуваат и за само неколку дена се забележуваат резултати. Истото важи и за гелот за целулит и за акни. За спортистите има посебно решение, кое се аплицира 30 минути пред спортување ја подигнува кондицијата и издржливоста за најмалку 50 отсто.

ФОКУС Како што сфаќам овде не се користат класични лекови?
ИЛИЕВСКА Терапијата се информации и сигнали запишани на разбирлив за клетките јазик односно меѓуклеточен програмски јазик со кој ние ги информираме клетките на специфичен орган или ткиво како да ја вратат својата нормална функција. Севкупното известување потоа го препишуваме од хардверско софтверски уреди во носачи на информација, за таа цел се користат неутрални хемиски супстанци или фреквенции на пример одреден тип на метал или одреден тип на течност, а во поново време светлосна фреквенција и звучна фреквенција користиме за пренос на информациите и сигналите од условно кажано компјутер до биолошки компјутер односно човек.

ФОКУС Како ви се движат цените на третманите и дали се достапни за македонскиот џеб?
ИЛИЕВСКА Цените се достапни за секого, се движат од 750 денари па нагоре. На пример за комплетно решавање на алергија е потребно од 750 до 2250 денари, зависно колку дози се потребни. Споредено со неопходната тековна медицинска терапија која ги чини пациентите многу повеќе и мора да ја земаат доживотно.

ФОКУС За колку време пациентите можат да ги почувствуваат првите здравствени придобивки од лекувањето?
ИЛИЕВСКА Зависно од состојбата може да почуствуваат ефект и после ден два, за некои состојби е потребно повеќе време, и две до три недели.

ФОКУС Дали имате лиценца за работа од министерството за здравство и колку време?
ИЛИЕВСКА Центар за Биоинформатика е Приватна установа за комплементарна и алтернативна медицина лиценцирана од Министерсво за здравство, и работиме со оваа лиценца од 02. 2017 година.

ФОКУС Имате ли некои новитети во лекувањето откако сте почнале со работа и кои?
ИЛИЕВСКА Полето каде што најмногу работиме е регенерацијата. Поточно, со помош на биоинформатиката можеме да го активираме софтверот за регенерација во било која клетка. Знаеме дека црниот дроб и кожата имаат можност да се регенерираат, а тоа значи дека кај сите клетки постои софтверот за регенерација, но треба да се знае како да се активира. Тоа успешно го прави биоинформатиката, дури и кај некои генетски заболувања, кај кои по ниедна логика според класичната медицина не би требало да има резултати. Штом во тие случаи биоинформатиката има успех, тоа значи дека регенерацијата е можна кај секој орган.

 

Поврзани новости