Како последица од коронавирусот почина доктор Сенат Грбовиќ

by Fokus 10:17
10:17

Како последица од коронавирусот, вчера на 53-годишна возраст почина д-р Сенат Грбовиќ, кој до лани работел како лекар во Брза помош во Здравствениот дом Скопје, а од јануари годинава бил ангажиран во приватна здравствена установа.

Оваа тажна вест ја споделија од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на нивната Фејсбук страница каде искажаа искрено сочувство до неговото семејство.

- Advertisements -

– Уште една загуба на лекар во оваа пандемија. Сочувство до фамилијата на д-р Сенат, стои во нивната објава.

 

 

Поврзани новости