Како настанал глобалниот феномен „Црн петок“?

by Fokus

Глобалниот феномен „Црн петок“ е широко распространет низ целиот свет, а најпрво започнал во САД. Меѓутоа, малкумина го знаат потеклото на овој термин и што точно тој значи.

Постојат неколку теории за тоа – една од нив е во врска со трговија со робови. Имено, трговците на црните робови ги спуштиле цените еден ден после Денот на благодарноста, поради зимската сезона.

Другата варијанта е дека овој термин настанал во петок, 24-ти септември, 1869 година. Тогаш, двајца брокери од Вол Стрит се обиделе да го монополизираат целиот пазар на злато во договор со познатиот политичар Бос Твид.

Нивниот план не вродил со плод, но терминот се задржал. Тричлениот тандем се обидел да поткупи неколку политичари и чиновници на високи позиции, вклучувајќи и одредени судии.

Тоа не успеало, поради тоа што цената на златото паднала во рок од неколку минути, а со неа и многу инвеститори, па поради тоа денот останал познат како „Црн петок“.

Поврзани новости