Како конкретно Јакимовски ќе го решава проблемот со паркирање во Карпош?

by Fokus

Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски го објави планот за решавање на проблемот со паркирање на повеќе локации во општината. Тој најави дека нема да воведува наплата за паркирање, туку ќе го зголеми бројот на места за паркирање.

– Во Карпош речиси да нема семејство кое нема минимум две возила, што значи бројот на возила се зголемува. Затоа мораме да ги зголемуваме и бројот на паркинг места. Не мислиме тоа да го решаваме со ограничување, туку со зголемување на бројот на места за паркирање. Овој паркинг простор што е позади нас овде пред Порта Влае, во моментот прифаќа триесетина возила. Со едно ниво под земја и две над земја ние практично ќе можеме да примиме деведесет возила. Што значи, ќе го зголемиме капацитетот три пати. Во исто време ќе поставиме и платформи од внатрешната страна на Порта Влае и со тоа граѓаните на Порта Влае и околните мештани од Влае 2 нема да имаат никаков проблем со паркирањето. Овој проблем на ист начин ќе го решаваме и во Карпош 3 и во Карпош 1 и оној дел кај Министерството за економија и кај Млечен ресторан, најави Јакимовски.

Поврзани новости