Како Јанчев ги угости дипломатите: Традиционални Тиквешки специјалитети за гостите во Кавадарци!

by fokus

Со традиционална Тиквешка трпеза, денес градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев ги дочека своите гости, политичари и соработници, по повод најголемата манифестација на градот, ,,Тиквешки гроздобер 2018”.

На богатата трпеза, покрај квалитетно бело и црвено вино, гостите имале можност да ги вкусните и познатите десерти кои со векови наназад се приготвуваат во Кавадарци – алва од гриз и слатко од кора од лубеница, познато како рчели. Најубавите трпезни сорти на бело и црно грозје, кавадарчеки пишии ( мекици) во форма на тригаолници, разни видови на сирење, суво грозје, биле дел од закуските со кои денес беа послужени гостите во општината.

Присутните не го криеле своето воодушевување од вкусната храна, но и од начинот на кој таа била декорирана. На коктел дружбата присуствуваа претседателот Ѓорѓе Иванов со сопругата Маја, министерот Никола Димитров, евроамбасадорот Жбогар, амбасадорите на Франција и Холандија, преставници од Владата, пратеници и советници од Кавадарци…

-Благодарен сум за присуството на претседателот Иванов, на евроамбасадорот, на амбасадорите, на Владата на Република Македонија, министрите, пратениците, советниците, на сите кои се присутни на овој значаен ден за Општина Кавадарци. Би сакал заеднички да направиме една дружба овде (во општинската сала), па потоа да одиме на карневалското дефиле, за да го чествуваме овој празник на град Кавадарци – порача градоначалникот Јанчев.

Вики Клинчарова

Поврзани новости