Како денеска изгледаат децата за кои светот со години им се смееше?

by fokus

Фотографии на некои луѓе, сосема случајно се нашле на интернет мрежата и години подоцна биле предмет на хумор и потсмев низ целиот свет. На овие луѓе тоа им се случило додека некои од нив биле деца, а нивните лица се познати низ целиот свет.

Сем Гринер

Ова „меме“ настана во 2007 година, кога Лејни Гринер објави фотографија од својот син, како јаде песок. Оваа фотографија стана хит на интернет.

Зои Рот

Оваа фотографија е направена во 2004-та година од Дејв Рот, за време на противпожарна вежба на два бокови од својата куќа во Северна Каролина. на фотографијата е неговата ќерка Зои, која во моментот на фотографијта се насмевнала.

Лили и Клои

Пред пет години, во 2013 година, беше објавена фотографија од две сестри, кои заминуваат на забава во Дизниленд. На фотографијата, Лили плаче од среќа, додека пак Клои е збунета, а нејзиниот израз на лицето ќе остане во сеќавањата на многу луѓе.

Миа Талерико

Ова „меме“ се користи како синоним за „немам поим“, а всушност е сцена од серијата „Со среќа Чарли“, која се емитуваше од 2010 до 2014-та година.

Поврзани новости