Какламанис: Должни сме да го почитуваме Договорот од Преспа

by Fokus

Нова демократија е одговорна партија и мораме, за жал, да го почитуваме Договорот од Преспа, вели Никитас Какламанис, првиот заменик претседател на грчкиот Парламентот, во интервјуто за грчката новинска агенција АНА-МПА.

Какламанис додава дека за конкретното прашање неговата партија уште предизборно го изнесе ставот и потенцира дека никој не смее ставот на Атина за членство на Скопје во ЕУ да го смета за сигурен, jави дописничката на МИА од Атина.

– Договорот од Преспа, кој е срамен за нашата татковина, должни сме да се придржуваме кон него во однос на НАТО. Нова демократија е одговорна партија и мораме, за жал, да го почитуваме. Но, никој не смее нашиот став за влез на Скопје во Европската унија да го смета за сигурен. Соседите да знаат: патот кон ЕУ нема да биде послан со рози. И ако судам според реакциите што веќе постојат во Скопје за едноставни теми во спроведувањето, мислам дека ќе имаат големи пречки за надминување, вели заменикот претседател на Парламентot и пратеник од Нова демократија за АНА-МПА.

Поврзани новости