367
Поранешниот соиграч на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид, Рикардо Кака за шпанските медиуми опиша дел од атмосферата кај „кралевите“ додека Роналдо бил дел од клубот. Тој испрати пофални зборови за актуелниот ас на Јувентус.
„Кристијано не е само шампион, туку е и голем човек. Секогаш беше отворен за сите во соблекувалната. Тој ми помогна многу, а додека бевме во тренинг кампот во Лос Анџелес, обезбеди 15 мобилни телефони и сите ги даде на вработените. Никогаш не сум имал проблеми со него“, истакна Кака.