Кајмакоски: Најважно е да останеш свој!

by Фокус 11:46
11:46

City MallРоден е на 17 октомври. Во моментов балансира со своите обврски околу евровизискиот настап. Ќе пее во Австрија, земјата каде што го мина своето детство. Својот музички поход го почнува уште пред да се појави и да победи на балканскиот „Икс фактор“.

До ова шоу, ѕвездите како да не ја поддржувале неговата музичка линија. Но, неговата упорност и поддршката од пријателите трасираат една нова насока, со многу музика во неговиот живот. Емотивна Вага, која сака едноставни работи и ужива во семејниот круг. Даниел Кајмакоски е наше и ваше друштво во Скопје Сити Мол.kajmakoski 04ФОКУС: Нумеролозите велат дека седумката е бројката на среќата. Со оглед на тоа дека вие ја имате во вашиот датум на раѓање, верувате ли во оваа симболика?

- Advertisements -

КАЈМАКОСКИ: Верувам и ја сакам седумката како бројка. Случајно или не, честопати, битните настани во мојот живот се поврзани со оваа бројка.kajmakoski 14ФОКУС: Астролозите велат дека на Вагите им е потребен баланс меѓу работата и задоволството, како и избалансиран однос на мисли и емоции. Понекогаш имаат проблем со донесување одлуки, а тоа е така бидејќи сакаат да ги гледаат нештата од сите агли. Секогаш се стремат кон перфекција и баланс, а сакаат да бидат опкружени со убави нешта и хармонија. Вагата е знакот што симболизира партнерство, а тие самите сакаат да бидат опкружени со луѓе и битно им е како другите ги гледаат и како се однесуваат со нив. Знаат да бидат мрзеливи, но и хаотични. Дали и Даниел е навистина таков?

КАЈМАКОСКИ: Не ја следам астрологијата премногу, но верувам дека има некоја поврзаност меѓу астролошките знаци и карактеристики на личноста. Се стремат кон перфекција и баланс – тоа најдобро ме опишува. Сакам тоа што го работам да го направам што е можно подобро. Давам сѐ од себе и сакам да бидам задоволен со крајниот производ. Посебно во музиката е многу тешко да кажеш дали тоа што го правиш со сигурност ќе ѝ се допадне на публиката или нема. Но, знаејќи дека си дал сѐ од себе ти дава поголема сигурност и верба.kajmakoski 05ФОКУС: Другарите Ве опишуваат како позитивен и скромен. Публиката Ве сака. Каков е всушност Даниел со кого се среќавате секој ден пред огледало? Кој е Даниел што ние не го знаеме?

КАЈМАКОСКИ: Им благодарам на другарите за описот. Секојдневно се трудам да ја задржам позитивната страна, да размислувам позитивно.  Даниел сака едноставни работи, сака спорт, природа и повеќе сака мирни места, бидејќи секојдневните обврски бараат контакти со многу и со различни луѓе. kajmakoski 01Додека го дегустиравме кафето во „Бистро Бугати“ во Скопје Сити Мол, направивме обид за мало навраќање кон минатото. Пеењето е мотивот што ја носи насмевката на неговиот лик. Неуспешниот почеток на музичката кариера во Македонија, на кратко го исфрла од музичкиот колосек. Неговиот пријател Антонио го охрабрува градежништвото во Виена да го стави на пауза, да стави сѐ на коцка и уште еднаш да проба да ѝ се врати на музиката. Така почнува неговата приказна за натпреварување во „Икс фактор“. Од тогаш се смени сѐ. Балканот доби свој нов музички потенцијал.

ФОКУС: Во моментот на прогласување на вашата победа на „Икс фактор Адриа“, една од желбите што си ги посакавте беше да ја претставувате Македонија на Евровизија. Убаво е кога желбите се остваруваат. Како го доживеавте Вие тоа?

КАЈМАКОСКИ: Да, и на мое изненадување уште една желба се исполни во 2014 година. Од една страна среќа и радост, а од друга страна чувствувам голема одговорност. Пред нас е голем предизвик – да се претставиме што е можно подобро на евровизиската сцена.kajmakoski 06ФОКУС: Со оваа желба понесовте и голем товар. Знаете дека будно ќе ве следат, а врз основа на вашиот пласман, може да биде запечатена вашата кариера во иднина. Не Ве плаши ова?

КАЈМАКОСКИ: Можам само да кажам дека верувам во песната, верувам во сценскиот настап, верувам во тимот што ја подготвува кампањата и која наскоро ќе може да ја видите. Ова е и моја прва песна самостојна по „Икс фактор“. Во моментов се ставам на Евровизија и таму го насочувам фокусот. kajmakoski 13ФОКУС: Победата на Скопски беше проследена со случајот за нарачано гласање, кој барем засега нема никаква судска разрешница. Она што за вас беше важно, претпоставувам е фактот дека вашата победа е чиста. Но, како се чувствувавте во тие моменти, кога сите медиуми беа преплавени со информацијата за скандалот, наместо со победникот и со победничката песна?

КАЈМАКОСКИ: За жал, така ја почнавме нашата промоција, не само во Македонија, туку и во регионот. Посакувам организаторите ова да го средеа на многу поумешен начин, директно со институциите, отколку со медиумите. Потрошивме многу време на објаснување до балканските медиуми дека мојата победа не е спорна. Ова никако не ни одеше во прилог.kajmakoski 07ФОКУС: Кој музичар го сметате за свој идол?

КАЈМАКОСКИ: Мислам дека до сега сите веќе знаат кој е мојот најголем музички херој. Тоше Проески.

ФОКУС: Во Австрија сте од вашата 4-та година. Како би ни ја опишале оваа земја? Што ви се допаѓа, а што не? Виена е градот од каде во минатото се создавале музичките трендови. Речиси сите годината ја почнуваме со звуците од Виенскиот традиционален новогодишен концерт. Дали понекогаш сте посакале да го следите во живо?

КАЈМАКОСКИ: Во Австрија сум од својата 6-та година. Виена е полна со музичка историја, посебно препознатлива по Моцарт, кој мене ме фасцинира. Посебно препорачувам да се посети неговата куќа во Виена, доколку не сте ја посетиле до сега. Оваа година евровизиската програма вклучува и настан на истото место каде што се одржува Виенскиот новогодишен концерт. Не сум имал можност да присуствувам, но секако е во мојата листа на желби.kajmakoski 02Кајмакоски расте во семејство каде што музиката е добредојдена во секој миг. Неговиот татко пее и свири на хармоника. Тој ја забележува љубовта кон музиката, па затоа и го подучува малиот Даниел. Мајка му лесно ги препознава убавите песни и создава одлични текстови. Често таа била главен судија, која по преслушувањето на одредена песна од Даниел, посочувала дали е „ вистинската“.  Даниел има и двајца браќа, поголемиот Далибор и помалиот Филип. Нашата прошетка низ пролетно украсениот Скопје Сити Мол ја надополнивме со информациите за неговото семејство.

ФОКУС: Вашето семејство е вашата најголема екипа и, секако, вашата поддршка. Кои се советите со кои Ве испраќаат на секој важен музички настан?

КАЈМАКОСКИ: Секогаш да останам тоа што сум. Сѐ друго е залудно и поминува.kajmakoski 08ФОКУС: Имате двајца браќа. Кој од нив е ваш построг критичар? Тој што свири на гитара или постариот, кој музиката не го интересира?

КАЈМАКОСКИ: И двајцата кажуваат совети и критики гледани од различни страни. И тоа е добро. Убаво е да се слушне мислење од различни страни.

ФОКУС: Музичкиот талент го изградивте благодарение на вашиот татко, кој свири на хармоника. Вашиот помал брат Филип свири на гитара. На кој музички инструмент свирите Вие?

КАЈМАКОСКИ: Гитарата ми е омилен инструмент. Клавирот исто така, иако повеќе време ѝ посветувам на гитарата кога работам во студио.kajmakoski 09ФОКУС: Дали семејниот бенд функционира за одредени посебни мигови?

КАЈМАКОСКИ: Секако, секогаш, и тоа е спонтано, без посебни подготовки и во опуштена домашна атмосфера.

ФОКУС: Дали Јоксимовиќ, кој е светски првак во свирење хармоника, не посака да ве научи на некои техники на овој инструмент, посебно додека беше ваш ментор?

КАЈМАКОСКИ: Имаше моменти кога посегавме и по инструменти и споделувавме искуство и знаење. Сепак, тие моменти кратко траеја поради големите обврски за подготовка за емисиите за „Икс фактор“. Во моментот и двајцата се подготвуваме за Евровизија и сме во постојана комуникација, но, за жал, немаме доволно време да се видиме.kajmakoski 10ФОКУС: Во едно свое интервју велите: „Сега сакам да пеам, а кога ќе остарам, ќе компонирам“. Зошто? 

КАЈМАКОСКИ: И сега компонирам. Креирањето музика посебно ме исполнува и тука се чувствувам најкомотен и најслободен. Верувам дека секој уметник треба да знае кога е вистинското време да се повлече од сцена. Но, секогаш сакам да останам со музиката – на или позади сцената.

ФОКУС: Често се вљубувате. Знаете да потенцирате дека тоа е вашата мана. Како ја замислувате љубовта, онаа поради која би правеле жртви?

КАЈМАКОСКИ: Не е лесно да се вљубиш, според мене тоа не е толку едноставно. Сакам кога сум со некој да се посветам. Во моментов се посветувам на мојата најголема љубов – музиката и на моите фанови. За таа љубов правам жртви.kajmakoski 11ФОКУС: Велат дека Вагите, за кариера, би се откажале од љубовта. Дали Даниел би ја избрал кариерата наместо љубов?

КАЈМАКОСКИ: Љубовта од публиката и кон публиката ме исполнува и ми дава мотив и поттик секојдневно да продолжам да го работам тоа што го работам. Оваа година има предност мојата публика. kajmakoski 12ФОКУС: За крај, која е вашата желба за годинава? Кои се предизвиците со кои сакате да се борите?

КАЈМАКОСКИ: Мојот следен предизвик е мојот албум. Се борам за мојот прв албум во кој верувам до крај.kajmakoski 03Нашата прошетка во Скопје Сити Мол беше заокружена. Даниел го оставивме со убави желби и со многу музика. Посакуваме во мај да пиеме победничко кафе заедно, тука во Скопје Сити Мол.

Поврзани новости