Кај затвореник во штипскиот затвор пронајдена прашкаста материја

by fokus

При претрес во полуотвореното одделение во Казнено-поправната установа Затвор Штип кај С.А. од Кочани била пронајдена една ќеса со прашкаста материја.

Како што соопшти МВР, од страна на полициски службеници од СВР Штип прашкастата материја била одземена за понатамошна постапка.

По комплетирање на случајот, против С.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости