Кај Папата нема да го решаваме спорот со Радев, ова е еден симболичен гест, вели Пендаровски

by fokus

Oвој чин е еден добар симболичен гест од двете страни кој може да ја олабави атмосферата во пресрет на преговорите меѓу двете земји во врска со блокадата за членство во ЕУ, смета претседателот Стево Пендаровски, кој со ист авион со бугарскиот претседател Румен Радев ќе заминат во Рим каде што заедно ќе оддадат признание на Св. Кирил и Методиј.

-Ние не одиме на заедничко патување и на средби во Ватикан кај папата затоа што ќе го решаваме спорот. Негов предлог од пред месец дена беше дали е добро, јас мислев дека е добро со бугарскиот државен авион да ја собере целата делегација од кај нас од Скопје, мислам дека околу 25 места имаме со се новинари, и нивната екипа брои толку, заеднички да го чествуваме и тоа го правиме традиционално, тоа не е ништо ново. Заради здравствените протоколи кои важат кај папата не можевме баш на денот да отидеме, на 24 мај, туку на 26 и 27. Ова мислам дека е еден добар сомболичен гест од двете страни и малку да ја олабавиме атмосферата во пресрет на она што ќе претстои понатаму разговори, преговори во врска со блокадата, изјави Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање.

Тој вели дека со оглед на тоа што многу време ќе поминат заедно со претседателот Радев, неизбежно е оти ќе стане збор за проблемот, но, како што нагласи, тоа ќе биде неформален контакт муабет.

-Не е планирано да има некакви формални разговори, не затоа што ситуацијата е таква во Софија со службена влада, туку затоа што претседателот таму, како и тука не ги води оперативно тие работи. Нив ги водеа и ќе продолжат да ги водат во иднина владите на двете земји Одиме заедно, ќе чествуваме заедно на две три локации, ќе се враќаме заедно. Ќе зборуваме. Но, нема да бидат преговори, истакна претседателот Пендаровски кој очекува достоинствен џентлменски разговор со Радев.

Поврзани новости