Кај Неготино откриени илегални мигранти од Иран

by Фокус

Во возило „Фолксваген Шаран“ со скопски регистарски таблички вчера околу 13 часот на автопатот на клучката кај Неготино се откриени 12 илегални мигранти од Иран.

Како што соопшти МВР, мигрантите се пренесени во полициската станица Неготино и ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци, а по возачот на возилото се трага откако тој, и покрај предупредувањето на полицијата, избегал.

Се преземаат мерки за  целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости