Кај маж од Косово запленети 15 килограми марихуана

by fokus 16:21
16:21

На 17.03.2019 околу 20.00 часот во реонот на Полициската станица за граничен надзор „Блаце“, кај место викано „Терминал“, полициски службеници го лишиле од слобода и привеле Ф.Д.(33) од с. Пустеник, Косово, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Полициски службеници го забележале лицето како се движи од Косово кон РС Македонија и при преглед кај него, во вреќа, биле пронајдени 14 пакувања со околу 15 килограми марихуана.

- Advertisements -

Лицето било предадено во Полициската станица Бит пазар за понатамошна постапка, а дрогата била одземена и дадена на вештачење. По целосно документирање на случајот, СВР Скопје – Еденица за недозволена трговија со дрога и оружје ќе поднесе соодветна пријава.

Поврзани новости