Кај еден од сопружниците кои се вратија од Занзибар детектиран е британскиот сој на корона вирус

by fokus

Кај еден од сопружниците кои се вратија од патување од Занзибар со симптоми на корона, детектиран е британскиот сој на корона вирус, што значи дека јужноафрикански сој се уште нема во земјава.

-Министерството за здравство ја информира јавноста дека според анализите што денеска ги направи МАНУ на брисот од пацинетот кој пред неколку дена се врати од Занзибар, детектирано е присуство на британскиот сој на вирусот СарсКов2. Во текот на утрешниот ден ќе биде извршена анализа на вториот пацинет кој исто така патувал за Занзибар. Тој е ковид позитивен и исто така е хоспитализиран, соопшти министерството за здравство.

 

Поврзани новости