Каевски: Опозицијата да не остави да го решиме спорот со Бугарија

by Фокус

ВМРО ДПМНЕ цело време сака проблеми и сака да ја искомплицира ситуацијата, со таквото однесување се загрозува позицијата која ја имаме со Договорот со Бугарија, смета пратеникот на СДСМ Дарко Каевски.

-Првенствено, и Христијан Мицкоски на средба со Бојко Борисов изјави дека го почитува Договорот со Бугарија и дека ќе работи на негова имплементација. Значи тоа дека ВМРО ДПМНЕ имале спротивен став во делот на договорот не е точно. Единствено владејачкото мнозинство функционира во парламентот, опозицијата ниту доаѓа, ниту дебатира, ниту комуницира. Целото ова повикување на протестите и нивните изјави говорат дека опозицијата не сака да го решиме проблемот – рече Каевски на Телма.

Тој ја повика опозиција да ја остави власта да ги заврши процесите и да добиеме датум за преговори со ЕУ.

-ЕУ е нашиот единствен пат и вистински пат. Преку ситно политиканство ВМРО ДПМНЕ ја отежнува целата работа.   11 години имаше ВМРО ДПМНЕ шанса да направи нешто, но не направи ништо, само чекори наназад, отселување на млади луѓе кои иднината си ја бараат надвор. Затоа, дајте ова да го решиме и да обезбедиме пристоен живот – порача Каевски.

Поврзани новости