Каевски: Не го чув Мицкоски да негира дека е во контакт со осомничен во „Двојник“

by Фокус

Христијан Мицкоски се обиде да ја саботира целата акција „Двојник“ и ако ги видите сите пресови и објави кои излегоа од МВР можеби патот на целата оваа акција води во белиот дворец, истакна пратеникот на СДСМ Дарко Каевски.

-Ако видиме дека во тие 215 пасоши има и пасош на господинот Горан Груевски, кој е избеган од нашата држава, а беше висок функционер во УБК и висок функционер на ВМРО ДПМНЕ, покажува дека патот на оваа истрага може да се бара и натаму – рече Каевски.

Тој посочи дека Мицкоски во ниту еден момент не го чул да се огради од тврдењата на МВР дека еден од осомничените е во постојан контакт со него.

-Кога лидерот на опозицијата ги има сите тие податоци верувам дека институциите ќе отворат постапка да дознаат од каде доаѓаат тие податоци и кој е мотивот ден пред завршување на една сериозна операција, која инволвира голем број криминалци, операција која е во партнерски односи со канцеларијата на Интерпол, Канцеларијата за безбедност и истраги на амбасадата на САД, кој е мотивот тие информации да бидат издадени на јавноста – рече Каевски.

Поврзани новости