(ОБНОВЕНО) Каде можете да донирате помош за жртвите од поплавите?

by Фокус 15:02
15:02

Македонските граѓани самоиницијативно се организираат за помош на настраданите лица во поплавите во Србија и во Босна. Ова се пунктовите за кои засега е сигурно дека утре (недела) ќе бидат поставени во повеќе општини во земјава:

Општина Аеродром – 10 часот, на ширинката кај Мајчин дом, до малата црква

- Advertisements -

Плоштад Македонија – 12 часот

Куманово – 11 часот – 14 часот, плоштад

Населба Автокоманда – 11 часот, пред Римес (на коцката)

Велес – 15 часот, фондација „Фокус“ (зграда на НВО, наспроти градинката во Дворови)

Битола – 12 часот, плоштад Магнолија

Тетово – од 9 до 11.30 часот, пред центарот за култура „Иљо Антески – Смок“

Кисела Вода – во текот на целиот ден, ул. Стојан Стојановски, зад магацините на Славија, до пругите

Црвен Крст има собирен пункт за хуманитарна помош во Скопје. Тоа е магацинот на Црвениот крст во Момин Поток со адреса ул.Момин Поток бб, тел. 3096227.

На локално ниво помошта може да се донира и во општинските организации на ЦК надвор од Скопје. Црвениот крст на РМ , во соработка со Амбасадите на Србија и Босна и Херцеговина во РМ ги повикуваат компаниите и хуманите граѓани да се вклучат во апелот за помош на настраданото население.

Воедно, со вртење на бројот 143 400 од било кој мобилен оператор можете да донирате 100 денари за акцијата за помош на настраданите.

Граѓаните апелираат дека треба да се внимава што се донира. Ова се списоците на работи кои засега им се најпотребни на оние што останаа без покрив над главата по катастрофалните поплави.

 

stvari

Поврзани новости