Каде има најмногу, а каде најмалку вакцинирани во Македонија?

by Fokus

Министерството за здравство информира дека на територијата на цела држава барем една доза вакцина досега  примиле 27,5% од граѓаните.  

Последните анализи покажуваат дека најголем процент на вакцинирани граѓани има во Кавадарци 43,5%, потоа следи Охрид со 42,9% и  Гевгелија со 41%. Најмал процент на вакцинирани граѓани бројат следниве населени места:  Дебар со 17,3% , Тетово со 17,1% и Кичево со најмал процент на вакцинирани граѓани 15,8%.  

Состојбата на вакцинирани граѓани во останатите градови е следна:  

Ресен 39,8%Битола 38, 9%Неготино 38%Штип 37,2%Пехчево 36%Велес 31%Демир Хисар 30,9%Берово 30,9%Скопје 30,8%Валандово 30,6%Прилеп 30,3%; Пробиштип 29,7%; Крушево 28,3%; Koчани 25,3%Свети Николе 25,2%Делчево 24,9%Виница 24,5%;Крива Паланка 23,9%Радовиш 23,2%Струга 23,1%;  Куманово 21,2%Струмица 19,4%Кратово 18,9%; Македонски Брод 18,2% и  Гостивар 17,8%.

Поврзани новости