Кабинетот на Иванов: Нема законска обврска да се користи Алатката за транспарентност, СДСМ врши притисок врз претседателот

by fokus

Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов реагира на соопштението на СДСМ дека тој одбива да ја користи Алатката за транспарентност.

„Постојат механизми за проверка на финансиското работење на државните институции. Претседателот Иванов до сега ги почитувал и во целост ги исполнувал пропишаните законски регулативи. Кабинетот на Претседателот на Република Македонија и понатаму, како и досега, ќе продолжи со транспарентно и отчетно раководење со доверениот буџет, што го потврдуваат и ревизорските извештаи за работењето на Кабинетот на Претседателот спроведени од страна на Државниот завод за ревизија. Кабинетот на Претседателот на Република Македонија нема законска обврска да прифаќа дополнителни „алатки“, велат од таму.

Од Кабинетот велат дека им е нејасно како може министерот за транспарентност и отчетност, Роберт Поповски да бара од нив да прифатат вакви мерки.

„Сметаме дека сè што треба да се направи е да се почитуваат и спроведуваат постоечките прописи. Во контекст на ова, говори и извештајот на Центарот за економски анализи каде се посочува дека “софтверската алатка не функционира и нема никакви податоци после 2017 година, со што индикативно е дека фискалната транспарентност е под ризик и дека е сфатена палијативно и кампањски, а не како трајнаопределба како ефикасна алатка кон поголемаотчетност од именуваните и избраните функционери“. Од друга страна, јасно и очекувано е дека политичката партија СДСМ преку вакви манипулации се обидува да изврши притисок врз претседателот Иванов, поради неговите политики и цврсти ставови во одбрана на достоинството на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, а во врска со непотпишувањето на Указот за прогласување на Законот заратификација на Спогодбата со Грција“, велат од Кабинетот на Иванов.

Поврзани новости