Кабинетот на Иванов: Хајндл му честиташе на Иванов за повлекувањето на аболицијата

by fokus

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска се сретна со Јоханес Хајндл, личен претставник на министерот за надворешни работи на Германија. На средбата било разговарано за актуелните случувања на политички план во Република Македонија, како и за можностите и начините за надминување на предизвиците на политичката сцена во земјата.

-Амбасадорот Хајндл ја поздрави и упати честитки за одлуката на претседателот Иванов за поништување на одлуките за помилување – ослободување од гонење без спроведување на постапка, со што се отвори можност за фокусирање кон обврските од договорот од Пржино. На средбата претседателот Иванов изрази очекување дека неговата одлука ќе придонесе за надминување на политичката криза, велат од Кабинетот на Иванов.

Како што велат од Кабинетот, двајцата соговорници се согласиле за потребата за спроведување на обврските од договорот од Пржино, како и неопходните реформи, кои се единствениот начин за излез од политичката криза.

Поврзани новости