Ќе се формира нов, паралелен универзитет на УКИМ?

by Фокус

„Дамјан Груев“ е името на новиот универзитет што ќе се формира наскоро во Скопје. Ваква одлука денеска донел Одборот за акредитација, по што во итна постапка во Собранието на Македонија ќе биде поднесен закон за формирање на универзитетот, пишува порталот ПлусИнфо.

Според порталот, новиот универзитет би требало да има девет факултети, меѓу кои и правен и медицински, како и академија за воено-безбедносни прашања, а се шпекулира дека ректорот на новиот универзитет би можел да биде Трајан Гоцевски, професор на Филозофскиот факултет во Скопје.

За деканка на правниот факултет кој ќе се вика „Павел Шатев“, се спомнува името на Тања Каракамишева, професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“, додека новиот Медицински факултет би можел да го води Горазд Росоклија.

Поврзани новости