Јужна Африка е првата земја која почна да ја користи вакцината на „Џонсон и Џонсон“

by Fokus

Вакцинацијата против коронавирус започна и во Јужна Африка, а оваа земја стана првата во светот што ја користи вакцината од американската лабораторија „Џонсон и Џонсон“. Набавени се 80.000 дози.

Првата вакцина ја прими медицинска сестра во болницата во Кејптаун и тој момент беше овековечен пред камерите.

Вакцината потоа ја прими и претседателот Сирил Рамафоса. Уште 420.000 дози на американската лабораториска вакцина наскоро треба да пристигнат во Јужна Африка.

Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ спаѓа во групата на вакцини која содржи безопасен вирус на САРС Ков-2, кој не предизвикува заболување, но сепак генерира имунолошки одговор, како што се и вакцините на „АстраЗенека“ и Универзитетот во Оксфорд, кинеската „Синофарм“ и руската „Спутник Ви“.Кај оксфордската вакцина, „Џонсон и Џонсон“ и „Спутник Ви“ се користи вирусен вектор, безопасен вирус, кој е направен за да содржи ген за САРС ков- 2 Ес- протеин.

Она што се смета за предност на оваа вакцина е што ефикасноста се постигнува само со една доза.

Поврзани новости