Јувентус повторно ќе се засилува со „кралеви“

by fokus

Јувентус очекува во текот на летниот трансфер прозорец да ги донесе во своите редови Тони Крос и Иско од Реал Мадрид, објави „Калчо меркато“.

Торинскиот клуб ја разгледува можноста за потпишување договори со двајцата  играчи.

Претходно стана познато дека тренерот на Реал, Зинедин Зидан е заинтересиран за Иско, но нема да го премислува ако играчот сака да ја промени средината. За Крос веќе е извесно дека може да си бара нов клуб.

Јувентус викендот ја завери осмата шампионска титула во низа во Италија, но не успеа во амбицијата да ја освои Лигата на шампионите, бидејќи во четврфиналето беше елиминиран од Ајакс.

Поврзани новости