Јутјуб ја замрзна сметката на Трамп на неодредено време

by Fokus

Компанијата Јутјуб го продолжи замрзнувањето на сметката на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, на неодредено време.

За првпат, сметката на Трамп беше замрзната за една недела на 13 јануари. Компанијата тогаш соопшти дека неодамнешно видео на каналот на Трамп „поттикнува насилство“ и е отстрането.

-Поради загриженост за постојан потенцијал за насилство, каналот на Доналд Трамп ќе остане замрзнат, објави Јутјуб.

Привременото замрзнување на сметката на Јутјуб значи дека претходно поставените видеа на Трамп ќе бидат достапни, но тој нема да може да објавува нови.

Покрај Трамп, компанијата презеде слични активности и против неговиот адвокат Руди Џулијани.

Поврзани новости