Јункер во Македонија на крајот на февруари

by fokus

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска информираше дека Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, ќе ја посети Македонија на 25 февруари.

„Ова е важен момент за презентација на Стратегијата, но и за охрабрување на владите да ги удвојат напорите за постигнување на новите скратени цели. Македонија е најстара во овој процес и пред Србија, Црна Гора и сите други држави од Западен Балкан, оти имавме Договор за стабилизација и асоцијација во 2001 година, кандидат сме од 2005 година и има најмногу напреднато во процесот на хармонизација со европското законодавство и трансформацијата на општеството“, рече Османи.

Тој посочи дека Извештајот на Европската комисија за  напредокот на земјата, кој ќе биде соопштен на 17 април, треба да потенцира деветта по ред препорака за отпочнување преговори.

 

Поврзани новости