Јункер: Орбан е извор на лажни вести

by fokus

Виктор Орбан е извор на лажни вести, изјавија денеска претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и белгискиот премиер Шарл Мишел.

Шефовите на држави на ЕУ на денешниот самит усвоија заклучок во кој се подвлекува важноста на борбата против дезинформации и лажни вести.

– Некои премиер кои се овде на масата на Европскиот совет се извор на лажни вести, рече Јункер.

Тој го дообјасни своето тврдење:

– Кога господин Орбан, на пример, вели дека јас сум причина на Брегзит, тоа е лажна вест. Кога вели дека мигрантите се одговорни за Брегзит е исто така лажна вест, додаде Јункер.

Белгискиот премиер ја поврза темата со миграцијата со лажните вести. Познато е дека Договорот на Обединетите нации за миграција ги подели земјите членки на ЕУ. Некои од нив, како Унгарија, Полска, Бугарија или Австрија, одбија да го потпишат иако учествуваа во неговата подготовка на ОН. Под овој притисок и белгиската влада стана малцинска бидејќи фламанскиот националистички партнер партијата НВА одби да биде дел од влада што става потпис на овој договор.

За Мишел, одбивањето на овој корисен договор, е последица на лажни вести и манипулација.

– Во рамките на овој договор имаше оркестрирани кампањи на манипулација чијашто цел е дестабилизација на европскитедемократии, наведе Мишел и додаде дека повеќе европски земји се соочени со иницијативи што ја уништуваат демократската дебата и ја прават покомплицирана можноста за секој од нас да биде коректно информиран за општестевените теми.

Мишел смета дека ЕК треба да отвори истрага за можни операции за дезинформирање и да ги санкционира сторителите.

Поврзани новости