435
Договорот меѓу ЕУ и Турција за справување со мигрантската криза е неизвесен.
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави дека постои голем ризик договорот да пропадне, па бегалскиот бран пак да удри на вратите на Европа.
– Опасноста е голема. Успехот на договорот досега е слаб. Претседателот Реџеп Таип Ердоган веќе неколку пати истакна дека би сакал да го преразгледа – истакна Јункер, додавајќи дека ако тоа се случи, „може да се очекува мигрантите повторно да тргнат кон Европа“.
Договорот меѓу Турција и ЕУ го ограничи приливот на бегалци и мигранти кон западноевропските земји, но по пропаднатиот обид за воен пуч, Ердоган во неколку наврати изјави дека ЕУ не си ги исполнува своите обврски, особено околу финансиската помош.