Југохром затворен уште три месеци, вработените протестираат

by fokus 18:34
18:34

Југохромци денеска повторно го блокираа автопатот Тетово-Скопје, револтирани од одлуката на Инспекторатот  за животна средина, кој забрани работа на компбинатот за дополнители 90 дена, бидејќи се уште нема систем за отпрашување.

-Тетово е eкстремно загаден и без Југохром – велат вработените и бараат владата да донесе одлука комбинатот да се рестартира, бидејќи им е единствена егзистенција.

- Advertisements -

– Ние веќе три месеци не работиме и секој месец од фабриката се одлеваат над 300.000 евра за плати на работниците наместо со тие пари да инвестираме во изградба на системот за отпрашување на воздухот. Вака ние вработените дефинитивно ја губиме битката и ќе останеме без работа – велат од Синдикатот на Југохром.

Забраната за работа на комбинатот од Инспекторатот е втора по ред, а донесена е поради тоа што комбинатот сè уште нема изградено пречистителна станица.

Вработените велат дека протестите и блокадите ќе продолжат се дури не се рестартира фабриката.

Поврзани новости