Југохром почна да ги гаси печките, престанува со работа

by fokus

Раководството на тетовски Југохром почна со спроведување на одлуката на Инспекторатот за животна средина за целосно затворање на компанијата, бидејќи не постави филтри во дадениот рок кој неколкупати беше продолжуван.

Генералниот директор на „Југохром“, Васко Скендеровски, во телефонска изјава за Мета рече дека од синоќа етапно почнале со исклучување на печките и дека до полноќ сите печки ќе бидат исклучени.

-Ние мора да ја почитуваме одлуката на Државниот инспекторат за животна средина. Сепак, оваа одлука требаше да ја потврди и Владата. Бидејќи оттаму немаме никаков допис, ние ќе ја почитуваме одлуката на инспекторатот, изјави Скендеровски.

Тој додаде дека нивни екипи ќе продолжат со изградбата на филтер-станицата, чии темели се веќе поставени.

Поврзани новости