„Југохром“ доби рок од две години за воведување на еколошки стандари

by Фокус

Владата му дапушти рок од две години на „Југохром“ целосно да ги имплементира еколошките стандари, но овој тетовски комбинат за феролегури ќе мора да го преполови производството и на тој начин да емитува 50 проценти помалку штетни емисии во воздухот отколку досега.

Како што порачаа од владата, оваа одлука е во насока да воведе еколошки ред, но истовремено е доволно флексибилна и овозможува да се запази економскиот и социјалниот момент, со оглед на тоа што станува збор за индустриски капацитет кој вработува над илјада луѓе.

Ваквиот расплет доаѓа откако деновиве неколку еколошки движења организираа протести во Тетово против загадувањето на воздухот, на кои се одзваа стотици граѓани, а слично течеа настанатите и во Скопје околу челичарницата „Макстил“.

Поврзани новости