Јубилејна дваесетта Златна бубамара, гостите остануваат изненадување за публиката

by fokus

На 20 февруари во Метрополис-арената ќе се одржи јубилејното 20. издание од нашата најпопуларна и најгледана манифестација Златна бубамара на популарноста. Во изјава за Фокус, организаторот Ранко Петровиќ вели дека гостите нема да ги откријат, бидејќи секоја година тие се изненадување за публиката.

-Специјалниот штаб за добра забава предводен од јавниот обединител Ранко Петровиќ гордо најавува неповторливо шоу во кое публиката првпат ќе види нешто што досега не е видено во музичко-забавниот свет. Ако се прашувате „Што е тоа?“, мотото на манифестацијата е „Што ќе биде, нека биде!“. Во изминативе 19 години секое издание на Златна бубамара се раскажува и се прераскажува со години и со децении, тоа по многу работи е единствен и уникатен музички културен настан што успеа да изгради традиција на успешна манифестација, која гледачите со радост ја очекуваат, се вели во официјалното соопштение.

Соопштението од организаторот завршува со зборовите: „За последен пат оваа година година во Македонија – Златна бубамара на популарноста“.

Катерина Смилева

Поврзани новости