ЈСП: Од петок повторно бесплатен превоз за пензионерите

by fokus

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) денеска соопшти дека од петок продолжува да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица (жени со над 62 год., мажи со над 64 год.) во вторник, петок, сабота и недела.

Од денеска, автобусите на ЈСП и на приватните превозни ќе возат цел ден, односно од 5 часот до полноќ, по вчерашната одлука на Владата за укинување на полицискиот час како мерка за заштита од коронавирусот.

Автобусите ќе сообраќаат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 часот, кои ќе возат по редуциран делничен возен ред.

Од компанијата апелираат на рационално користење на превозот и на задолжително носење на заштитна опрема согласно уредбите за заштита од ковид-19.

Поврзани новости