ЈСП ги рента автобуси на ДУИ , ама не кажува по која цена

by fokus

Автобусите со кои симпатизерите на ДУИ се возеа по улиците на Скопје биле изнајмени од ЈСП „Скопје“, објаснуваат од јавното претпријатие, пишува Плусинфо.

Колку вкупно автобуси изнајмила партијата и по која цена, ЈСП не открило за порталот, но признава дека изнајмиле двокатни автобуси, врз база на претходно склучен договор.

ЈСП, како што пишува Плусинфо, вели дека претпријатието ги изнајмувало истите возила за било каква приватна или службена потреба, по тарифник кој е определен со Одлука на Советот на Град Скопје.

Поврзани новости