ЈП „Водовод и канализација“: Улиците беа поплавени поради листови, гранки и градежен шут во сливниците

by fokus

Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ велат дека причина за поплавување на улиците и булеварите во денешното невреме е затоа што атмосферската канализација била затрупана со листови, гранки и градежен шут.

„По силното невреме кое го зафати градот Скопје, заради количината на наврнат дожд, град и силниот ветер дел од улиците и булеварите беа поплавени заради листови, гранки и градежен шут кое го донесе невремето при што сливниците и шахтите беа затрупани и не можеа да ја примат количината на надојдената вода. ЈП Водовод и канализација – Скопје во координација со Град Скопје и сите комунални претпријатија веднаш излегоа на терен и за краток временски период успеавме да ги вратиме во функција сите градски сообраќајници“, велат од претпријатието.

 

Поврзани новости