Јовески конечно изгласан за јавен обвинител

by fokus

Со 61 глас „за“ Собранието денеска го именува Љубомир Јовевски за републички јавен обвинител. Гласањето се спроведе без присуство на пратениците од опозицијата.

Расправата за оваа точка заврши на 15-ти декември, по што парламентарното мнозинство не можеше да обезбеди кворум за да го изгласа Јовевски. По два неуспешни обиди утринава, Јовевски беше именуван откако пратениците гласаа по трет пат.

Неговиот мандат трае шест години и доаѓа на местото на Марко Зврлевски, кој претходно беше разрешен.

Поврзани новости