Јовески: Истражуваме дали парите од торбата „Луј Витон“ завршиле во сефови

by fokus

Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, вели дека во потрагата по парите од торбата „Луј Витон“, која јавноста ја виде на објавените снимки поврзани со предметот „Рекет“, истражуваат и дали инволвираните во предметот имаат сефови. Тој ги негира тврдењата на дел од јавноста дека истрагата се одолговлекува.

-Го почнавме овој предмет од записник за поднесена кривична пријава, обезбедивме докази и ја почнавме финансиската истрага. До моментот на отворање на истрагата имавме сослушано петнаесетина лица. Се добива впечаток во јавноста дека работиме само кога повикуваме сведоци, но ние имавме определени моменти кога чекавме вештачења и анализи – рече Јовески во интервју за „Код“.

На прашање дали е точно дека екс шефицата на СЈО, Катица Јанева, присуствувалa на предавањето на половина милион евра, првата транша од рекетот, во станот на првоосомничениот Бојан Јовановски, Јовески рече дека таков факт се уште не е потврден.

Според него, досегашните докази укажуваат дека парите не водат кај одредени политичари.

Јовески потврди дека има наоди за вмешаност на адвокат и судија, кои наскоро треба да бидат повикани на распит во Обвинителството на Вилма Русковска.

Поврзани новости