Јовески: И со куќниот притвор се обезбедува присуство на Мијалков

by Фокус

Жалбата за притворот на Сашо Мијалков е повлечена кога полицијата го бараше, но оваа мерка може да се промени по изрекување на пресудата во случајот „Таргет-Тврдина“ во петок, вели републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески за ТВ 24.

– Жалбата е повлечена оти во тој момент решението за куќен притвор не може да се ефектуира со оглед дека обвинетиот бил во бегство. Обвинителството досега нема побарано измена на мерката куќен притвор со потешка мерка, со оглед на тоа што се оценува дека и со оваа мерка се обезбедува присуство. Во петок е објавувањето на пресудата, ќе се разгледуваат мерките за присуство на обвинетиот – вели Јовески.

Поврзани новости