Јовановски продолжува да шири омраза

by fokus 18:29
18:29

Актерот Владо Јовановски, кој предизвика лавина од реакции во јавноста, откако на „Фејсбук” отворено се закани дека „ќе има нова војна”, прашувајќи каде може да набави динамит, денеска го избриша спорниот статус од својот профил.

Истиот, го замени со нов статус полн со говор на омраза, во кој порачува дека не се крие и дека „уште денес ќе го видат”.

-Сите куртони кои онанираат на своите профили дека Владо Јовановски исчезнал или се сокрил, да ги утешам дека уште денес ќе ме видат, а можеби и утре и задутре.. Многу куртони ве има, не сакам со секого поединечно да се расправам, имам поважни работи во животот. Особено не со еден икористен презерватив, самозамислен глумец и писател. Не е хигиенски –напиша актерот.

Инаку, во претходниот статус, Јовановски го обвини Зоран Заев дека е Фауст од Муртино, кој своерачно потпишал со крвта на загинатите бранители, завршувајќи со зборовите „Ќе има војна. Нова војна ќе има. Црпкоо никој не сака во твојата кожа да биде”.

Поврзани новости