Јовановски: Единствен компромис е зачувување на македонскиот идентитет и ерга омнес

by fokus

Новинарот Борјан Јовановски во вечерашното гостување на телевизија 24 рече дека единствениот можен компромис го гледа во тоа македонската страна да добие зачувување на идентитетот, а грчката страна да добие ерга омнес, односно име за севкупна упореба.

-Изјавата на Заев беше поентузијастичка. Двајцата премиери ги чека тешка работа во своите земји. Цели политички кариери се создадоа врз основа на национализам во двете земји. Тие политичари на сметка на бранење на национални интереси бркаа свои лукративни причини. За мене е најбитно во потенцијалното решение да го зачувува мојот национален идентитет е тоа е Македонец и македонски јазик. Колку што знам, Грција има отстапено од барањата за промена на овие сегменти и за нив најважно е решение да биде ерга омнес. За нас најважен е идентитетот и тука го гледам единствениот можен компромис: Македонија да си го зачува идентитетот, а Грција да добие егра омнес, рече Јовановски.

Поврзани новости