Јовановски бара помош од Иванов: Се надевам претседателот го гледа ова и ќе го заврши

by fokus

На оние кои останаа пред Кривичниот суд да протестираат против приведувањето на осомничените за настаните на 27 април вечерва прв им се обрати актерот и пратеник Крсто Јовановски.

-Денеска се најави крај на демократијата и македонизмот. 36 луѓе уапсени, приведени и обвинети за тероризам. Се потврдува онаа голема мисла како што вели Гоце Делчев не познавам друг народ кој толку страдал од своите или пукај бе братучед од филмот. Сите тие луѓе имаат свои деца. Уметникот Игор Дурловски го притворија затоа што го разнесол своето име низ светот. Тоа ли е неговата грешка? Владо Јовановски, актер. Сите тие шетаа низ Скопје за зачувување на унитарноста. Сите тие сабајле рано ги оставија своите дечиња во солзи. Пред нивните очи ги затворија, ги одзедоа. Нема ништо поскапо од детска солза. Ги притвориле пратениците наши. Го притворија Јохан. Што скривија тие луѓе. Треба да направат разлика меѓу тероризам и патриотизам. Се надевам претседателот го гледа ова, во мое име и име на сите граѓани и пратеници ќе донесе одлука каква што треба и ова ќе го заврши. А судиите внатре ќе размислат и ќе донесат вистински одлуки.
Долга е оваа ноќ во која ќе направиме притисок за оние внатре да сфатат дека тоа што го прават го прават врз своите браќа, рече Јовановски.

Поврзани новости