Јовановска контра Мицкоски: Ниту еден мој роднина не е вработен во Агенцијата за вработување

by Fokus

Веднаш по дуелот на Заев и Мицкоски на МРТ со остра реакција на тврдењата на новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски излезе директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска.

Таа остро ги демантира, според неа искажаните невистини на лидерот на опозициската партија во дуелот, во кој тој тврди дека таа вработила свои роднини во АВРМ.

„Искажаните  обвинувања за непотизам при вработувањата во АВРМ ги демантирам како невистинити и тенденциозни. Во изминатите 10 месеци во АВРМ се вработуваат потребни стручни кадри, кои аплицирале на јавен оглас и ниту еден од нив не е во никаква роднинска врска со мене. Невистините пласирани од лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги поврзувам со неговата партиска советничка Слободанка Алексовска која беше разрешена по моето доаѓање на директорската позиција во АВРМ. Тогаш беше утврдено дека Алексовска ја злоупотребила својата службена должост и купувала од државна сметка приватни намирници како јајца од потполошка, машки чорапи  и млеко за тело. Советничката на Мицковски Слободанка Алексовска сепак ќе мора да одговара за злоделата и штетата кои и ги нанесе на АВРМ за време на своето работење – се наведува во реакцијата од директорката Јовановска.

Поврзани новости