Јовановска до Јанкулоска: Кога со Протуѓер договаравте да ги сотрете моите деца мислевте на правата на мајката и децата?

by fokus 10:35
10:35

Лидерката на ПЕП21 и директорка на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Билјана Јовановска на Фејсбук ја потсети поранешната министерка Горгана Јанкулоска на нејзините зборови „Да ги сотреме“, однесувајќи се на Јовановска и нејзиниот сопруг Томче.

„Се најубаво посакувам за нејзиното дете. Но жалам, не можам да жалам. Простете, но никогаш нема да простам. Јанкулоска, кога со Протуѓер договараше да ги сотрат моите две деца не помисли на правата на мјаката и правата на децата. Кога моите две деца на возраст од нешто повеќе од 1 годинка ги остави без приходи, со кредити и долгови не помисли дека ќе имаат стресови и трауми. Кога не маплтретираа со полиција, судски процеси, не беше загрозување на правата на една жена, мајка и малолетни деца? Кога моите шестгодишни деца ги слушаа како ќе не кренеле на клоци беа збунети, потресени, вознемирени“, напиша Јовановска.

- Advertisements -

Во една од „бомбите“ кои ги објави премиерот Зоран Заев како тогашен опозиционер, а која се однесува на апсењето на Љубе Бошкоски, се слуша разговорот на Јанкулоска со Мартин Протуѓер, кои разговараат што по изборите.

ЈАНКУЛОСКА: Треба да направиме Мартин и еден список, да ги сотреме.
ПРОТУЃЕР: Како да ги сотреме?
ЈАНКУЛОСКА: Па така, не може некој што душа ни вадел во кампањава плата да му даваме ние во институцииве. Еве кај мене на пример тие што му биле обезбедување, нема бе да работат во МВР. Нигде нема да работат.
ПРОТУЃЕР: Не, не, не, вака сега, на главните луѓе тие што ни беа највака, треба показна вежба. И више на Билјана, на Томче тие ги бркаме му кажав на овој, од денеска, на клоци.
ЈАНКУЛОСКА: Да, да, епа види овие што се џандарите од кај мене на пример му биле на листи на Љубе.
ПРОТУЃЕР: Значи тие луѓе најмногу што не плукале. Другите оние обичните што се завеани, од некои други, и знаеш некои имало…
ЈАНКУЛОСКА: Да де наше членство, што би рекол Б.Ц гревови го излажале. Ама Томче не може бе цела фамилија во ПИОМ да му работи, Билјана не може, не знам…
ПРОТУЃЕР: Тоа јас ќе го завршам.
ЈАНКУЛОСКА: Тие што му се, не знам оваа Наталија кај му работи, сите тие што му се вака најекспонирани треба вака да им се отчита лекција. И плус на комуњарите исто. Не може бе некој кај Рада у штаб вчера седи на прес, а да работи во институција државна. Е сега ја не ги знам кои се, ама претпоставувам дека. Треба една јака анализа, до формирње на нова Влада да ги исчистиме.
ПРОТУЃЕР: Дозволи.
ЈАНКУЛОСКА: Се претераа. Мислам душа ни извадија.

 

Поврзани новости