„Јовано, Јованке“ се најде на албумот на „Фрајле“

by fokus

Девојките од новосадската група ,,Фрајле” кои се чести гостинки во Македонија, ја обработија македонската традиционална песна  „Јовано, Јованке“.

Таа се најде на нивниот нов албум „Поздрав од Нови Сад“, заедно со уште 15 нови верзии на стари песни.

Новиот албум на Невена, Наташа и Јелена доаѓа по десет-годишна пауза од издавањето на нивниот прв албум „Нашиот прв албум од патувањата“. Марија, која повеќе не е дел од „Фрајле“, ја продолжи кариерата како композитор.

Одлуката да ја стават и „Јовано, Јованке“ на албумот била донесена бидејќи секогаш на коцертите, додека ја пееле, и публиката ја пеела со нив.

На настапи, во својот репертоар имаат и песни од Тоше Проески, за кого во минатото раскажаа дека никогаш не го запознале, но многу ја сакале неговата музика.

Групата летово имаше концерт во Античкиот театар во Охрид, на кој на почеток беа исвиркани, бидејќи доцнеа еден ипол час.

Откако се извинија и порачаа дека многу ја сакаат Македонија, ја расположија публиката со богатиот репертоар, на кој и тогаш се најде „Јовано, Јованке“.

-Многу ја сакаме Македонија, го сакаме Охрид, ви ветуваме дека убаво ќе си поминеме и покрај недоразбирањето со доцнењето, и кажаа на публиката од триото.

Вики Клинчарова

Поврзани новости