Јосиповиќ: Хрватска требаше да реагира на иживувањето на Бугарија врз Македонија

by Фокус

Жално е што Хрватска, за разлика од некои други членки на Европската Унија, не реагираше на изживувањето на Бугарија, која не само што стави вето на почетокот на пристапните преговори на Македонија, туку и со уцени сака да негира постоење на еден, веќе етаблиран народ, вели поранешниот хрватски претседател Иво Јосиповиќ во својот текст за хрватскиот сајт Автограф.

-По Грција, Северна Македонија сега има проблем со Бугарија, а соседот на далечина Хрватска засега некоректно молчи. И самата Хрватска трпеше некоректен однос и уцени од соседот Словенија поради билатерални прашања, па затоа би требала да биде принципиелна и да стори сѐ што може за да може Северна Македонија да има правичен пат кон ЕУ. Хрватска можеби не е земја која е клучна во донесувањето одлуки, но јасна поддршка на Северна Македонија би била морално и политички исправна и корисна за нашите пријатели Македонци – вели Јосиповиќ.

Поврзани новости