Јосиповиќ: ЕУ нема начин и интерес да го смени ставот на Грција кон Македонија

by Фокус

Европската унија нема начин, а по се изгледа ниту интерес, да ја присили Грција да го смени ставот кон Македонија. Во прилог на Македонија е пресудата на Меѓународниот суд за правда, но, за жал, политиката е нешто сосема друго. Ова, во интервјуто за МКД.мк, го вели довчерашниот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ.

– Само упорни преговори и настојувања да се има разбирање за другата страна можат да доведат до резултат – вели Јосиповиќ, според кого земјава треба час поскоро да стане дел од ЕУ и НАТО.

Тој најави дека наскоро ќе основа нова партија на левиот центар, која ќе се залага и за ширење на ЕУ со земјите од регионот.

Поврзани новости