Јордан Мијалков издавал решенија за следење и прислушување вмровци

by fokus 15:11
15:11

Пишува: Зоран Милошески

Една од темите во синоќешното интервју на поранешниот прв човек на УБК Слободан Богоевски дадено за „Телма“, беше и првиот министер за внатрешни работи во Република Македонија, Јордан Мијалков. На таа тема, Богоевски меѓу другото рече:

- Advertisements -

„Тој (Јордан Мијалков н.з.) не само што немаше допирни точки со ВМРО и ВМРО-ДПМНЕ, туку тој е еден заради кого многумина се судени за национализам и вмровски активности во Македонија“.

Во едно мое поранешно истражување за укинувањето на лустрацијата, беше отворено и прашањето кое на индиректен начин е поврзано со „министерувањето“ на таткото на Сашо Мијалков и вујкото на Никола Груевски, Јордан Мијалков.

Во недостиг на официјални информации, јавноста шпекулира со скриените мотиви за запирањето на лустрацијата. Иницијативата на Јордан Петровски за утврдување одговорност на поранешниот министер за внатрешни работи Јордан Мијалков, беше една од најчесто споменуваните причини. Или со други зборови, дилемата која се наметна гласеше: дали една од причините за укинување на лустрацијата не беше досието на Јордан Мијалков?

Имено, г-нот Петровски до КВФ го доставил Решението од 02.12.1991 г. за примена на мерката „Тајна контрола на меѓународниот телефонски сообраќај спрема лицето Маноил Јаковлевски-„Мане“ заради, како што стои во образложението, „поврзување со екстремни и милитантни припадници на партијата ВМРО-ДПМНЕ во земјата и екстремни припадници на македонското иселеништво во странство“.

Оперативната акција се водела под името „М-91“, а псевдонимот на Мане Јаковлески бил „АДУТ“.

reshenie-mane-jakovleski-copy

Во една своја изјава претседателот на КВФ Аџиев рече дека иницијативата била процесирана, но притоа не изнесе повеќе детали. На прашањето на авторот на овој текст до каде е постапката за предметот, односно дали намерата истиот да не биде расчистен е една од причините поради кои се укинува лустрацијата, г-нот Аџиев не даде одговор.

Порано или подоцна, КБФ ќе треба да одговори зошто не постапила по споменатата иницијатива, или пак ако постапила, тогаш зошто не го лустрирала министерот Мијалков? Притоа не треба да заборавиме дека со исти такви документи, КВФ претходно лустрирала други министри и вработени во УБК. Од тие причини не треба да се отфрли можноста дека власта која го променила Законот со цел да лустрира одредени лица, секако дека е спремна истиот да го укине во функција на заштита на некои други лица заради „повисоки интереси“.

Целосниот текст прочитајте го на порталот Публикум.

Поврзани новости