Јолевски: Бараме заеднички прифатливо решение за името

by Фокус

Свесни сме за проблемот со нашиот јужен сосед за разликите околу името, но истовремено сме и сериозно посветени за изнаоѓање заеднички прифатливо решение, изјави министерот за добрана Зоран Јолевски, кој учествуваше на конференцијата „Иднината на проширувањето на НАТО и новите граници на европската безбедност“ во Вашингтон.

– Упатувањето покана на самитот во Варшава за Македонија во НАТО ќе помогне за јакнење на мерките на доверба меѓу двете земји. За нас членството во НАТО е како двонасочна авенија. Од една страна ние даваме поддршка на НАТО и нашите сојузници во напорите за воспоставување мир и стабилност на други места во светот, а од друга страна нашите војници се стекнуваат со многу големо искуство. Тоа се покажа и при справувањето со мигрантската криза – рече Јолевски.

Поврзани новости