Јолевски: АРМ може да се справи со мигрантската криза

by Фокус

Македонската армија е подготвена на сите предизвици во поглед на справувањето со мигрантската криза, изјави министерот за одбрана Зоран Јолевски при денешната посета на граничниот премин во Гевгелија.

– За да се реши оваа мигрантска криза, потребно е да се направи сеопфатна стратегија која што ќе ја опфаќа цела Европска Унија, меѓутоа и земјите од Балканот плус Турција и Сирија. Проблемот е прилично комплексен и заради тоа потребна е сеопфатна стратегија и таа стратегија перманентно се развива – рече Јолевски.

Поврзани новости