Јохансон побарала од бугарскиот премиер да се деблокира договорот за Фронтекс со Скопје

by Fokus

Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, за МИА потврди дека е во контакт со бугарската влада за да се најде решение за блокада на договорот за Фронтекс со Северна Македонија од страна на Софија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Северна Македонија не може да го финализира договорот за гранично управување со Европската Унија поради билатералниот спор со Бугарија. Европската Унија почна да ги склучува овие договори со земјите од западниот Балкан за да ги интегрира во граничното управување со цел спречување на „нерегуларна миграција“. Засега само Албанија го има финализирано, Црна Гора е на добар пат, а Северна Македонија би требало да го склучи штом се решат несогласувањата со Бугарија, според дипломатски извори за МИА.

Еврокомесарката Илва Јохансон потврди дека работи на случајот.

-Се надевам дека ќе го склучиме договорот за Фронтекс со Северна Македонија што е можно побрзо, го отворив ова прашање со премиерот на Бугарија за да можеме да напредуваме затоа што е многу важно, изјави Јохансон за МИА.

Поврзани новости