Јохан Тарчуловски е предложен за нов член на ЦК на ВМРО

by Фокус

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ му предложил на Централниот комитет нови членови на ЦК да станат Јохан Тарчуловски и Зоран Коцевски, како и 9 нови претседатели на општински комитети – Дејан Митески за Аеродром, Гане Петров за Центар, Тони Јаревски за Карпош, Бобан Стефковски за Гази Баба, Александар Донев за Струмица, Петар Ристески за Прилеп, Марин Ристески за Сарај и Кенан Абди за Студеничани.

Воедно, од најголемата опозициска партија соопштија дека по изборот на Лука Кржалоски за нов претседател на Унијата на млади сили, избран е и нов ИК на УМС, чии членови се: Јован Јаулески, Филип Ѓорѓиев, Ивица Петровски, Стефан Андоновски, Никола Дудулоски, Сергеј Попов, Владимир Бошњаковски, Билјана Цветковска, Томи Кепевски, Петар Миовски, Горјан Донев, Данијел Апостолоски, Искра Крстевска…

Од партијата оцениле дека СДСМ нема капацитет да ја води државата, која, според нив, се соочува високо ниво на задолжување, раст на БДП од 0 проценти, пад на градежништвото од 20 проценти и покачени цени.

„Покрај декларативните заложби на власта за ЕУ и НАТО интеграција отсуствува реална посветеност на реформите. И по 11 месеци не се комплетно завршени реформите од планот 3-6-9, и пред вклучување на ВМРО-ДПМНЕ законските решенија беа со голем број недостатоци и нереформски“, велат од ДПМНЕ.

 

Поврзани новости